Гатузо потврди: Игуаин донесе одлука, сака во Челзи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо ги потврди шпекулациите дека Гонзало Игуаин може да си замине од „Сан Сиро“ во зимскиот преоден рок.

Милан синоќа после продолженија ја победи Сампдорија и се пласираше во четвртфиналето од Купот, а после мечот главна тема беше иднината на Игуаин.

„Најважно е што имаме искрен однос и што си кажуваме се в лице. Тешко е да му се даде совет, кариерата на еден играч трае 13 или 14 години. Тоа е негов памет, не мој. Најважно е што се гледаме в очи, разговараме како мажи и си ја кажуваме вистината“.

„Немам разбрано дека тој не е среќен тука, ќе видиме како ќе се развие ситуацијата во наредните неколку дена. Ако се прашував јас, ќе го поканев во мојот дом, ќе го заклучев во соба и ќе му давав храна на секој два или три часа. За жал, не можам да го направам тоа. Се чини дека Игуаин веќе донесе одлука“, искрен беше Гатузо.

Игуаин сака да се пресели во Челзи каде ќе може повторно да соработува со Маурицио Сари.