Новиот Мерцедес буквално „ќе му легне на срце“ на сопственикот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најексклузивниот „купе“ модел од А-класата на Мерцедес, моделот CLA, буквално „ќе им легне на срце“ на сопствениците бидејќи за прв пат ќе ја следи работата на срцето на оној кој управува со него и ќе се прилагодува на добиените податоци и параметри.

Новиот Мерцедес е различен и по големината , така што во однос на претходникот е подолг за 48 мм, со должина од 4.688 мм. Поголем е и во широчина и тоа за 53 мм, односно е широк 1.830 мм. Но тоа не пречи во однос на коефицинетот на отпорот на воздухот, кој остана ист, односно 0,23 пред се поради елегантната линија.

На саемот во Лас Вегас Мерцедес дебитираше со моделот CLA 250 со 2.0 турбо мотор и 225 коњски сили, а се управува со седумстепен менувач со две спојки. Особено се издвојува и според инфотенментот во кабината на автомобилот.

Во него е вграден ,,Hey Mercedes“, гласовен систем на наредби со препознавање на гласот на возачот. Системот MBUX ги разликува и движењата на различни личности , одговара на комплексни прашања и подобро ги разбира желбите на патниците.

Благодарение на вградените паметни спортски часовници на Garmin , ја следи работата на срцето на возачот и ја прилагодува кон Енерџајзинг контролата за удобност, вклучително и за амбиенталното осветлување.

И во делот на безбедноста важат високите стандарди. За тоа се вградени системи на делумно автономно возење , автоматско кочење и држење на насока во сообраќајна лента.

Продажбата на овој фантастичен модел во Европа почнува во мај оваа година.