Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На почетокот од неговиот втор претседателски мандат во Светска банка, Џим Јонг Ким соопшти дека се повлекува од челната функција. Неговата ненадејна оставка ќе стапи на сила од 1-ви февруари.
Ким (59) требаше да ја извршува оваа функција до 2022 година, откако во 2017 беше повторно избран за втор петгодишен мандат.
Светската баннка во соопштението наведува дека тој заминува “во фирма и ќе се фокусира на зголемување на инфраструктурните инвестиции во земјите во развој”.
„Голема чест беше да бидам претседател на оваа извонредна институција, полна со исклучителни поединци посветени на мисијата за искоренување на екстремната сиромаштија“, наведува Ким во писмената изјава.
Сепак, нема детали за ваквата недандејна оставка.
Кристалина Георгиева, главен извршен директор на Светската банка, ќе ја преземе улогата на привремен претседател.