Јувентус го „жртвува“ Пјаниќ за Пол Погба


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанскиот шампион Јувентус следното лето планира целосна реконструкција на средниот ред, па на неколку ѕвезди ќе им ја отвори излезната врата.

Италијанскиот весник „Тутоспорт“, кој е близок до Јувентус, пишува дека следното лето од тимот ќе си заминат Сами Кедира и Блејз Матуиди, а раководството размислува дури и за продажба на Миралем Пјаниќ, кој би требало да направи простор за враќање на Пол Погба во Торино.

Откако пред неколку дена беше објавено дека Арон Ремзи веројатно ќе го засили Јувентус на лето, следната цел на раководството на „бјанконерите“ е Пол Погба.

Според весникот Јувентус е спремен да плати 105 милиони евра за Французинот, но би можел да ја намали таа цена доколку во зделката го вметне Миралем Пјаниќ, за кој „црвените ѓаволи“ се силно заинтересирани.

Покрај Манчестер Јунајтед, за Миралем Пјаниќ се заинтересиран уште ПСЖ и Барселона.