Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Инспирирни од хит филмот „Bird Box“, луѓето сѐ повеќе го преплавуваат интернетот со снимки од новиот предизвик кој ги тресе социјалните мрежи, а кој може да биде и опасен по живот.
Минатата година низ светот се проширија низа предизвици, а оваа почнува со предизвикот инспириран од хит филмот „Bird Box“.
Луѓето ставаат превези на своите очи и така прават низа секојдневни работи, меѓу кои некои се и опасни по животот, како што е движењето наоколу и возење со врзани очи, слично како што правеше и ликот од главната актерка во споменатиот филмски хит, Сандра Булок.
Филмот за кратко време стана светски хит, а предизвикот „Bird Box Challenge“ почна безопасно, но многумина се загрижени луѓето да не се изложуваат премногу на опасност и да не дојде до некој трагичен настан.