Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вчера, на 73-годишна возраст, почина славниот актер Марко Николиќ, легенда која балканот најдобро го запозна и најмногу го запамети по неговата улога на Гигa Попадиќ во популарната југословенска серија „Бољи живот“.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја потврди неговата ќерка Мина.
Николиќ е роден на 20 октомври 1946 година. Дипломира на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Оствари бројни ТВ- улоги, но играше и на филм и во театар. Најголемата популарност на поранешните ју-простори ја стекна како Гиго Попадиќ во култниот проект „Подобар живот“.