Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според статистичките податоци на „Евростат“, кога станува збор за финансиските средства кои жителите на Европската унија ги трошат на алкохол, секој Европеец во 2017 година за пијачка просечно потрошил по 300 евра.
Домаќинствата во 2017 година трошеле 1,6 осто од вкупниот буџет на жетоки пијалоци, вино и пиво. Се наведува дека вкупно на алкохолни пијалоци се потрошени 130 милијарди евра, што е 0,9 отсто од БДП на Унијата или повеќе од 300 евра по глава на жител.
Најголема потрошувачка на алкохол лани имало во Естонија, Летонија и Литванија. Следуваат Полска, Чешка, Унгарија и Финска.