Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанскиот град и атракција Венеција, како комплетен туристички производ, од следното лето го крева својот туристички статус на повисоко ниво.
Сите туристи кои ќе сакаат да ја посетат Венеција од идното лето ќе плаќаат влезници за влез во самиот град. Таксата ќе изнесува од 2,5 до 10 евра, во зависност од сезоната за да се ограничи масовниот туризам што го гуши градот. Мерката е усвоена во саботата и предвидува дека Венеција ќе може од јули идната година да усвои во своите сопствени буџетски одредби придонес за посета, каков што веќе постои на Липарските Острови во Тиренското Море и на Лампедуса.
Данокот ќе се собира од сите посетители без разлика дали ќе преноќат во Венеција или не, што е околу 30 милиони луѓе годишно. Главната мета се туристите кои доаѓаат на само еден ден и не плаќаат такса за престој. Меѓу нив се и туристите со крузери – околу 600 кои секоја година се укотвуваат во Венеција.
Авиокомпаниите и автубуските превпозници исто така ќе можат данокот да го пресметаат во своите билети. Според првичните проценки на властите, на овој начин ќе се соберат до 50 милиони евра годишно. Трошоците за чистење на историскиот центар на градот и за безбедноста со години ги сносат жителите на Венеција.