„Топол оброк за студени денови“ – акција која ќе ги стопли срцата без свој дом


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Новогодишните и божиќните празници се вистинска причина за да подариме насмевка на сите на кои им е потребна. Предновогодишната магија и радост е значајна за целото општество, тоа нѐ одржува сите во живот. Изворот за среќа и радост се малите гестови кои исполнуваат со позитивни чувства и среќа. Често тоа е само подадена рака и топол оброк.

„Топол оброк за студени денови“ е акција која ги стопли срцата на луѓето кои немаат свој дом. Ресторанот и центарот за настани Аликас, чија приказна претставува извор, е место каде понира љубовта, среќата и добрината. Посветени на својата мисија и со надеж дека ќе поттикнат поголема мотивација во заедницата, тие им дадоа поддршка на тие на кои што им е најпотребна.

Поделени беа над 100 топли оброци низ целиот град пренесувајќи дека сите имаат поддршка од општеството и заедницата. Тимот ја посети и црквата св. Ѓорѓија во населбата Ѓорче Петров каде што секојдневно доаѓаат лица на кои што им е потребна таа помош и кои се сведоци на човековата добрина.