Колин О’Брејди е првиот човек кој сам и без помош го препешачи суровиот Антарктик


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Американецот Колин О’Брејди е првиот човек во историјата на човештвото кој успеа во натчовечкиот подвиг сам, без ничија помош и придружба, да го препешачи најсуровиот континент на планетата Земја, Антарктикот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Colin O’Brady (@colinobrady) on

На 33-годишниот О’Брејди му беа потребни 53 дена за да го измине долж Антарктикот, изложен на студ, снег, жестоки ветришта и невремиња, без никаква помош и придружба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Colin O’Brady (@colinobrady) on

49-годишниот британски капетан Луис Рад пред две години се обиде да направи ваков подвиг, но почина при истиот. О’Брејди тргна на ист ден како британскиот капетан , на 3 ноември и помина 1.482 километри преку најекстремниот континент.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Colin O’Brady (@colinobrady) on

О’Брејди , кој своите подвизи и авантуристички достигнувања ги објавува на социјалните мрежи , зборува за она што го преживеал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Colin O’Brady (@colinobrady) on

Вели дека го совладал умор , бил исцрпен , но секој ден напредувал и тоа го одржувало. Благодарен е што за време на целото патување не се повредил, а многу лесно можел да скрши нога по мразот и снегот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Colin O’Brady (@colinobrady) on

„Влечкав речиси 170 килограми товар секој ден по 12 – 13 часа преку најсуровото и најстудено место на земјата“, вели О’Брејди и додава дека толку многу ослабел што рачниот часовник му паѓал од раката и му било страв да се погледне во огледало.