Луд свет: „Младоженциве“ заедно имаат 12 години и се брат и сестра близнаци


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тајландски родители решиле да ги венчаат нивните деца, братче и сестриче близнаци, кои имаат по шест години, бидејќи верувале дека во минатиот живот децата биле љубовници.

Родителите на близнаците направиле голема свадбена прослава за венчавка на своите дечиња во близина на Банкок. Малото момче со прекар Гитар и неговата сестричка Киви се родени во септември 2012. Веднаш по раѓањето, нивните родители „знаеле дека тие двајца биле партнери во претходниот живот“.

Родителите уште од раѓање на децата веќе ја планирале нивната свадба, зашто биле уверени дека момчето и девојчето биле љубовници во претходниот живот.

Десетици гости, роднини и пријатели биле дел од големата свадба во понеделникот.

Традиционалната свадба почнала со улична процесија , по што следувал обичај во кој младоженецот требало да мине низ ,,девет капии” пред да ја сретне невестата.

Малиот младоженец на родителите требало да им плати 200.000 бахти во кеш и злато за невестата во вредност од над 1.500 долари, со што докажувал дека може да се венча со неа.