Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Symphony of the Seas“, најновото „крузерско“ чудо на престижната компанија за комерцијални туристички бродски тури „Royal Caribbean“, со капацитет од 8.000 патници е најголемиот туристички брод на светот кој нуди навистина уникатно искуство.
Гигантскиот брод може да прими 8.000 патници од кои 2.220 членови на екипажот. Само поради неколку кабини и метри ја доби титулата најголем крузер на светот и ја презема круната од својот близнак „Harmony of the seas“.
Овој (буквално) „пловечки град“ содржи огромен број на ресторани, вклучувајќи и „Central Park“ идентичен на оној во Њујорк во кој се наоѓаат преку 12.000 видови на билки.
На бродот има и лизгалиште, но и семејни апартмани со затворени водени тобогани, приватни џакузи и кино сала.