Премиера на „Македонисимо“ во Белград: Симон Трпчески ја импресионираше публиката


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонскиот пијанист од светска класа Симон Трпчески со неговиот нов проект „Македонисимо“ синоќа во Белград, направи маестрално емотивно шоу со македонската традиционална музика.

Престижниот „Коларац“ кој беше преполн до последно место беше магепсан со импресии од изведбата на Трпчески на „ Македонисимо“. Публиката имаше ретка прилика даужива, преку виртуелната обработка на најубавите македонски традиционални мелодии, главно од играчки карактер, кои специјално за петчлениот камерен состав ги обработи композиторот Панде Шахов.

„Многу ми е мило што сум во Белград, кој е еден голем центар, со голема традиција и гледачите ќе можат да чујат музика којашто ја познава и сака и ние ќе им приредиме една многу убава вечер“, изјави Трпчески во пресрет на концертот во Белград.