Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
До денес наутро, во скопскиот Кривичен суд, во рамки на можноста за амнестија за „крвавиот четврток“, пристигнати се 12 барања за амнестија од обвинетите за настаните во Собранието од 27 април минатата година.
Петдневниот рок за доставување на барањата за амнестија истекува утре. Барањата обвинетите можат да ги доставуваат до судот лично и по пошта. По истекот на на рокот за поднесување на барањата, судот и обвинителството ќе имаат рок од пет дена да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не. Меѓу првите што побараа амнестија е пратеникот Крсто Мукоски, обвинет дека ги отворил вратите во Собранието. Слично барање упатија и Горан Ангелов-Ќосето и Иван Цветановски, додека Јане Ченто и Игор Југ се изјаснија дека не сакаат милост, туку правда.
Инаку, денешното рочиште за упадот во Собранието е одложено поради дополнителни докази кои треба да ги достави одбраната на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. Судењето најверојатно ќе продолжи в среда.