Екипица: Милошевиќ на врвот од светот – „си млачи“ со Рокфелер и Ротшилд


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Таа 1979 година беше доста важан. Можеби најважна во 20. век. Таа 1979 година беше преломна во 20. век, како во светски, така и во домашни (југословенски) рамки. Таа година, кога информатичката револуција, а со неа и глобализацијата (под американско водство) почнуваше да врие, Западот дефинитивно го победува Истокот. Токму таа година суштински беше срушен Берлинскиот ѕид (кој реално ќе биде срушен дури десет години подоцна, во 1989)“, пишува Дарко Худелист, а пренесува „Неделник“.

Тој истакнува дека таа 1979 година Слободан Милошевиќ бил „на врвот од светот“.

„На седмо небо, на врвот од светот. Пие шампањ со Рокфелер во Chase Manhattan Bank во Њујорк, најмоќната банкарска институција на светот, од каде што почна глобализацијата – се расфрла со фрази како ’few and far between‘, муабети со Рокфелер за пченката, пченицата, сточарството, кредитите…никој ништо не му може. Милошевиќ е тогаш ’на ти‘ со Западот, некако го заграби Западот, а и Западот (читај Рокфелер) го засака него“, додава Худелист.

Тој потоа си го поставува прашањето: „Што му требаше на Милошевиќ во 1980-те од врвот на светот да се симне во домашната, балканска прчварница и токму тој, првенствено и најмногу тој, меѓу сите други политички ангажирани Срби и останатите во Југославија, да му се спротивстави на тој Запад со кој во таа клучна 1979 година склопи толку срдечно пријателство (збогатено и со материјална корист)?“