Реал Мадрид влегува „All In“ за Хари Кејн


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Реал Мадрид вчера повторно стана светски шампион, но на лето „кралевите“ спремаат сериозна реконструкција на тимот.

Шпанските медиуми пишуваат дека „кралевите“ ќе тргнат по потписот на напаѓачот на Тотнем, Хари Кејн, кој е најгомела желба на претседателот Флорентино Перез.

Тотенхем за својата ѕвезда бара неверојатни 220 милиони евра, но Реал Мадрид веќе смислил план како да дојде до потписот на Кејн.

Имено, Перез е спремен да го испрати Велшанецот Герет Бејл назад во Лондон, и дополнително да плати 70 милиони фунти за да го добие Хари Кејн.

По заминувањето на Кристијано Роналдо, Реал нема играч кој може да гарантира голем број на голови, па поради тоа Кејн е трансфер цел број еден на „кралевите“.