„Екип“ тврди: ПСЖ мора да го продаде Нејмар или Мбапе поради УЕФА


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еминентниот француски весник „Екип“ тврди дека Пари Сент Жермен ќе биде приморан да продаде една од своите големи ѕвезди на лето поради Финансискиот фер-плеј.

„Светците“ ќе бидат приморани да го направат тоа за да го покријат минусот од Финансискиот фер-плеј од 170 милиони евра.

Како што наведува весникот, УЕФА готово извесно дека ќе ја одбие жалбата од ПСЖ, па продажбата на некои од најголемите ѕвезди е единствен начин да се избегне суспензијата.

„Екип“ тврди дека на лето во клубот ќе се вори вистинска битка околу тоа дали да биде продаден Бразилецот или Французинот. Нејмар е глобално поголема ѕвезда и носи поголем профит од маркетинг, додека Мбапе покажа дека е идниот најдобар фудбалер на светот.

За двајцата фудбалери е силно заинтересиран Реал Мадрид, а трансферот сигурно ќе изнесува повеќе од 200 милиони евра.