Фото: Откриена тајната љубовна афера на Мурињо


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Жозе Мурињо и понатаму е во центарот на вниманието во медиумите, но овој пат не поради отказот, туку поради љубовна афера.

Англискиот таблоид „Сан“ откри интересни „пикантерии“ од приватниот живот на Мурињо излегувајќи со текст за негова долгогодишна афера со „таинствена плавуша“.

Весникот дозна дека се работи за Пру Картер Робинсон со која Мурињо е во тајно пријателство, но веројатно и повеќе од тоа. Се запознале во Мадрид пред осум години додека го водеше Реал, а особено интензивно се дружеле додека беше менаџер на Манчестер Јунајтед и живееше сам во хотел.

Интересно е дека „Сан“ во својот текст информира и како самиот Жозе Мурињо вчера се обидел да ја запре објавата на тој текст. Преку своите адвокати испратил допис за запирање на објавата, но не успеал во тоа.

Мурињо е веќе 29 години оженет со Матилда Фари со која има две деца. Но додека неговото семејство живееше во Лондон, тој во Манчестер тајно се гледал со дотичната блондинка.