Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јувентус и Рома синоќа го одиграа големото дерби во 17-то коло од Серија А, а на трибините имаше скаути од цела Европа.
Меѓу нив имало и скаути од Манчестер Јунајтед, кои бараат засилувања за одбраната, што ќе биде приоритет во зимскиот преоден рок.
Италијанските медиуми пишуваат дека скаутите го следеле Костас Манолас од Рома и ќе се обидат да го ангажираат во зимскиот преоден рок.
Олеснителнат околност за „црвените ѓаволи“ е што грчкиот репрезентативец има откупна клаузула од 36 милиони евра, што нема да претставува проблем за Манчестер Јунајтед.
Англискиот клуб е спремен да му понуди многу подобри финансиски услови, па доколку Манолас каже ДА, тогаш Јунајтед е спремен да ја активира откупната клаузула.