Фотографија од импозантни 24 милијарди пиксели – можете да им ги видите лицата на луѓето


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фотографијата, која кинеските власти од Шангај ја нарачаа за промотивни цели, стана хит ширум свет откако беше споделена на интернет од нивна страна.

Неверојатно е да се видат снимки од голема височина , да се направи прошетка по стокатниците во градот , па се до деталите на секоја улица. Може да се означи кој било дел од сликата, а потоа да се зумира по желба.

Корисниците на Твитер на фотографијата си ги препознаваа дури и членовите на семејството, иако беа во затворена просторија.

Фотографијата ја направи компанијата Big Pixel , познати по слични фотографии на плажи или големи градови , но за прв пат направија фотографија со толкав број пиксели. Тие направија и неколку помали панорами на Северна Кореја , како и на кинеските градови Шенжен, Ласа и други предели во Кина.