Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пратеникот Крсто Мукоски, кој на „крвавиот 27-ми април“ беше еден од пратениците кои ги отворија собраниските врати за гневната толпа која протестираше пред Собрание да влезе внатре, е еден од 5-мината обвинети кои во петокот поднеле лично барање за амнестија во кривичниот суд, пренесува Телма повикувајќи се на судски извори.
Меѓу оние кои поднеле барање се Никола Митревски-Кољо, кој неколку месеци беше во бегство, а на крвавиот четврток носеше фантомка, Оливер Радулов, кој е вработен во УБК и ги изнесувал хард дисковите со собраниските безбедносни снимки.
Барање за амнестија поднел и Младен Додевски. Претседателот на кривичниот суд Иван Џолев потврди само дека вкупно 5 барања биле доставени до кривичниот суд до крајот на работното време вчера.
Џолев не прецизираше кои лица побарале амнестија и во која фаза од постапка пред суд се обвинети. Адвокати на обвинетите Сашо Василевски и Александар Василевски- Нинџа потврдија дека нивните клиенти во понеделник ќе поднесат барања за амнестија.
Крајниот рок да се побара амнестија е вторник. Потоа во рок од 5 дена судот и обвинителството треба да се изјаснат дали го прифаќаат барањето за амнестија или ќе продолжи постапката против барателите.