Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милјардерот Илон Маск, во друштво на новинарката од CBS; Гејл Кинг, се повозија низ супербрзиот тунел во должина од 1,83 километри кој технолошкиот иноватор и тајкун го изгради во Лос Анџелес.
Новинарката толку многу се уплаши од брзото возење, што го фати Маск за ногата и не го пушташе додека запре, пцуејќи од напад на паника и страв. Цело време тој ја смируваше новинарката , која во паника го прашуваше дали може возилото да излезе од шините. Таа бараше да не вози толку бргу , така што Маск мораше да и каже дека веќе вози побавно од дозволените 240 километри на час.
Тунелот под Лос Анџелес , долг 1,83 километри, завчера беше пуштен во употреба од страна на Маск, кој вети изградба на цела мрежа супер брзи тунели , каде возилата со лифт ќе се спуштаат на шини и ќе се превезуваат со електрични шатл возила.