Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српскиот фудбалскиот клуб Динамо Врање, денес ги именуваше популарниот пејач Аца Лукас за нов потпретседател на клубот, пренесуваат српските медиуми.
Турбофолк ѕвездата ќе се обиде да му помогне на тимот од Врање да избори опстанок во српската елита, а моментално се наоѓа на последното место на табелата.
„Точно, се договоривме да бидам потпретседател на клубот. Главната цел е да избориме опстанок во првата лига“, изјави Аца Лукас.
Динамо Врање е убедливо на последното место на табелата со само 10 бодови. Меѓутоа, новиот потпретседател најави дека ќе бидат донесени засилувања во зимскиот преоден рок.