Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според метеоролошките прогнози, денеска во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од југоисточен правец.
Дневните температури ќе бидат во пораст: Скопје 3 Целзиусови степени, Маврово 2, Охрид 5, Битола 3, Кавадарци 5, Крива Паланка 4, Берово 2, Дојран 7 итн.
Утре времето ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а наместа и услови за замрзнат дожд особено во северозападниот дел од земјава. По котлините ќе има услови за појава на слаба магла.
Максималните дневни температури ќе бида во Крива Паланка 1, Маврово и Скопје 2, Берово и Битола 3, Кавадарци 5, Дојран 9 степени.
Од сабота дневните температури ќе бидат во пораст – сабота од 4 до 11, недела од 6 до 13 степени.