Фаталната Мариса позираше гола во Ватикан – веднаш ја уапсија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Познатата и контроверзна белгиска Плејбој зајачица Мариса Папен, во име на уметноста која таа ја користи за општествена провокација и агитација, позираше и се рашета гола со дрвен крст низ Ватикан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fan Page for MARISA PAPEN (@marisapapen.for.real) on

Ватиканската полиција не го дозволи тоа и веднаш ја уапси Мариса додека позираше целосно гола на улицата пред црквата Св. Петар. Таа претходно го направи истото пред свет храм во Египет и пред џамија во Турција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marisa Papen (@real_marisapapen) on

Мариса Папен беше избрана за Мис Јануари 2017 според магазинот Playboy. Таа заедно со нејзиниот фотограф Џеси Вокер патува низ светот и прави фотосесии пред најважните религиозни објекти во земјата која ја посетува, притоа позирајќи целосно гола. На една од фотографиите од фотосесијата во Ватикан таа седи на неколку библии пред самиот двор на црквата Св. Петар.

Полицијата на Ватикан ја уапси Папен откако го претресе нејзиниот изнајмен стан во кој беа пронајдени големи дрвени крстови, лажни свештенички облеки, лажна крв и круна од трње. Мариса и Вокер поминаа 10 часа во ќелија пред да бидат пуштени на слобода.

„Најголемиот проблем кој го имам со религијата се институциите изградени околу неа. Тие се фокусирани само на правење пари и ништо повеќе. Тие немаат душа“, рече Мариса Папен за инцидентот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marisa Papen (@real_marisapapen) on