Без ниту еден глас против или воздржан експресно изгласан законот за амнестија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Едногласно и експресно, со 95 гласа „за“ од вкупно 95 пратеници кои гласаа, синоќа беше изгласан Законот за амнестија.

На потпишаните 20-тина предлагачи на текстот на законот, пред самото гласање им се придружија Илија Димовски и Панчо Минов. Димовски му се заблагодари на Талат Џафери за напорите да имаме функционален парламент.

ВМРО-ДПМНЕ се обиде да постигне амнестија за сите учесници на 27 април, но амандманот беше одбиен бидејќи е потребно да се направи разлика меѓу различните кривични дела. Предлогот за донесување амнестија беше одбиен од двајцата пратеници на Алијансата за албанците и Горан Милевски од ЛДП. За Села, не е правда кога му се суди на полицаецот што го спасил, а се амнестираат тие што помагале насилство преку отварање на собраниските врати.

Законот нема да ги опфати организаторите на упадот во Собранието, оние што вршеле насилство, дошле маскирани или носеле оружје, како и службените лица што ги пречекориле овластувањата. Сите други, 40 до 50 лица од вкупно 70, имаат рок од пет дена да побараат амнестија. Одлучува Судот, во консултација со Обвинителството.