Заев: „Успешното реализирање на Преспанскиот договор е билетот за во НАТО“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


По остварената средба на македонскиот премиер Зоран Заев и американскиот заменик-државен секретар Џон Саливен, на заедничка прес-конференција, Заев ги резимираше заклучоците од средбата.

„Посетата на заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливан е уште еден доказ за постојана и континуаирана поддршка на САД, на РМ. Стратешкото партнерство меѓу двете земји е постојани афирмирано на сите меѓусебни средби и посети на високо ниво“, истакна премиерот Заев на денешната прес конференција заедно со Силван.

Истакна дека во разговорот кој се водел денеска потенцирал дека во Република Македонија се создава услови за политички амбиент, кој ќе ја овозможи реализацијата на договорот од Преспа во целост да се сведат ризиците на минимум.

„Успешната завршница на овој процес во Собранието е нашиот билет за да влеземе во НАТО. Паралелно со овој процес нам ни останува да продолжиме со реформите во правосудството, безбедносните служби и јавната администрација.

Мораме да бидме сигурни дека до средината на наредната година, на Европската комисија во Брисел ќе испорачам кредибилни резултати за да се потврди одлуката на советот на ЕУ.

Нашата земја останува цврсто на својата улога да биде фактор на поврзување на земјите од регионот и да ги охрабрува лидерите од западен Балкан, да бидат посветени на одржување на мирот, стабилноста и регионалната соработка. Градиме партнерства за еден нов Балкан со силна поддршка на ЕУ и на САД“, додаде Заев.