Суд му одреди на затвореник секој месец задолжително да го гледа „Бамби“ во затвор


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ловокрадец од Мисури, покрај затворската казна од над една година која му беше изречена, од судот беше обврзан еднаш месечно да го гледа цртаниот филм „Бамби“ додека отслужува затвор поради убиствата на стотици елени кои ги имал извршено, пренесуваат американските медиуми.

Дејвид Бери Јуниор беше осуден на 15 месеци затвор откако се изјасни за виновен по однос на обвинението во случајот со незаконско убивање на дивеч кое, според канцеларијата за зачувување на природата во Мисури, е еден од најголемите случаи на незаконско убивање на елени, пренесува NBC News.

Судијата од окружниот суд во Лоренс, освен затворската казна, на Дејвид му пресуди и обврзна задача додека е во затвор најмалку еднаш месечно да го гледа цртаниот филм „Бамби“ од 1942 година во продукција на Disney.

Се верува дека 29-годишниот Бери и неговото семејство се одговорни за убиството на стотици елени во период од три години.

„Елените биле трофејни мажјаци незаконски убиени, поголемиот дел со нож, поради нивните глави и рогови, а остатокот од телото на животното бил оставан да се распаѓа“, изјави обвинителот од Лоренс, Дон Тротер, во изјава за медиумите.