Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фејсбук профилот од синот на Јеир Нетанјаху, синот на Бенјамин Нетанјаху, бил блокиран во период од 24 часа поради расправии во врска со неговите мислења против Палестинците и муслиманите.
Минатата недела Фејсбук го отстрани постот на Јеир Нетанјаху во кое тој повика на “одмазда за смртта” на двајца израелски војници убиени од Палестинец. Постот во кој 27-годишниот син на израелскиот премиер напиша дека ќе преферира ако “сите муслимани ја напуштат земјата Израел” исто така беше симнат.
Тој го нарече Фејсбук “полиција на мислите”. Но, компанијата го обвини за ширење говор на омраза.
Синот на Нетанјаху предизвика големи критики минатата година откако објави како им се потсмева на критичарите на неговиот татко, вклучувајќи го и финансискиот магнат Џорџ Сорос.