Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Српската полиција го приведе возачот кој го управуваше македонскиот автобус кој вчера, во трагична сообраќајна несреќа, излета од патот и се преврте во близина на Лесковац, под сомнение за сносење одговорност за трагедијата.
Во несреќата загинаа тројца патници, а 32-ца се повредени.
Автобусот во саботата околу 20 часот тргнал од Прилеп кон Виена. Кога бил во близина на Лесковац, ненадејно излетал од коловозот и се превртел.
Првичните сознанија се дека тој се движел со брзина од околу 100км/час, а на коловозот имало остатоци од снег.