Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ако ви се чини дека секогаш лошо испаѓате на селфи фотографиите и воопшто не се бендисувате како изгледате на истите, без гајле, верувајте не е до вас.
Работата е во тоа што, кога се фотографирате самите себе, вашиот нос е поблиску до камерата од остатокот од лицето и така оддава впечаток дека е поголем отколку што навистина е.
Имајќи во предвид дека повеќето селфи фотки се направени од релативно мала оддалеченост на телефонот од лицето (во просек 30 см), вашиот нос на таквите фотки изгледа дури триесет насто поголем отколку што би изгледал кога некој ќе ве фотографира од оддалеченост од околу метар и пол.
Пластичниот хирург Борис Пасковер, откако голем број пациенти му побарале корекција на носот, притоа покажувајќи му ја „несовршеноста“ на истиот и она што сакаат да го коригираат на селфи фотки, одлучи да им покаже и докаже дека таквите фотографии го менуваат вистинскиот изглед на лицето, па тој и неговиот тим изработија математички модел кој го прикажува тоа.
Испадна дека, ако сакате да се видити како вистински изгледате, апаратот или мобилниот треба да бидат оддалечени од вас најмалку еден и пол метар, додека фоткањето од помало растојание неизбежно го менува изгледот на лицето.