Официјално: Пристигна казната од УЕФА за Милан!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Само ден после болната елиминација во Лига Европа, пристигна казната за „росонерите“ од Европската куќа на фудбалот.

Познато е дека миланскиот гигант има проблеми со Финансискиот фер-плеј, поради што првично беше исклучен од Европа, па УЕФА денес им ја соопшти официјалната казна на „росонерите“.

Казната во целост:

1 Милан ќе мора да го израмни финансискиот биланс до 2021 година, во спротивно ќе биде исклучен од европските натпреварувања на една година.

2 Клубот ќе треба да плати казна од 12 милиони евра, со што УЕФА автоматски ќе ги задржи премиите од Лига Европа кои клубот требаше да ги добие за настапот оваа сезона (точно 12 милиони евра)

3 Во следните две години Милан ќе има лимитиран тим во европските натпрварувања. Односно, во следните две години ќе може да пријави само по 21 фудбалер во Лига на шампиони или Лига Европа.