Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во интервју за култното списание Rolling Stone, гитаристот на легендарните Rolling Stones откри дека драстично го намалил консумирањето на алкохол, прецизно опишувајќи ја својата конечна одлука со зборовите: „Време беше да престанам“.
Ричардс, кој за неколку дена, на 18 декември, ќе го прослави својот 75-ти роденден, за Rolling Stone говореше по повод новата турнеа на Stones, наречена „No Filter“, која ќе започне од Мајами во април, 2019 година.
Алкохолот, како што изјави тој, постепено почнал да го намалува „уште од минатата година“, бидејќи едноставно одлучил „да крене рачна“. Иако признава дека понекогаш си дозволува да испие чаша вино или пиво, сепак, заклучува дека „било вистинско време за фајронт“.
„Време е да престанам“, вели Ричардс, „како и со сите други работи“.
Рони Вуд, кој го придружуваше Ричардс на интервјуто, се вметна во разговорот „опсервирајќи“ дека и тоа како забележува промени во однесувањето на Кит откако престанал да пие.
„Сега е многу помек и задоволство е да се работи со него. Поотворен е за различни идеи. Претходно знаев што ми се спрема доколку настапам со идеја која потенцијално не би му се допаднала. Сега е некако повеќе ’Океј, тоа е кул, човече‘“, заклучува Вуд.
Потоа додава: „Тоа повеќе не функционираше. Кит кој сите го знаевме и сакавме со пијачката дојде до оној момент кога, ако испие уште некоја, просто станува претежок карактер. Тоа стануваше сè појасно и појасно и Кит на време го сфати тоа“.
Ричардс на тоа додаде дека „интересно е да се биде трезен“ и дека „трезен е многу посвесен за тивките пропусти на своите свирки“.
„Имаме 70, но дури сега свириме како 40-годишници“, заклучи Вуд.