Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Caviar, руската компанија која го произведе златниот iPhone „Владимир Путин“, лансираше нова „кич-комбинација“ опточена со злато наречена Swiss Dreams Watchphone.
Тоа е iPhone XS Max, опточен со злато и декориран со мапа од светот и, поради некоја причина, на него има прикачено позлатен Apple Watch Series 4, кој не е возможно да се носи засебно, само како часовник.
Веројатно нема некој здраворазумен човек на планетава кој на двата гаџети, достапни за вкупна сума од 1.000 и нешто долари, ќе списка дополнителни 20.000 долари за да ги поседува и двата споени во една, нераздвојна позлатена „комбинировка“.
Ако во случај некој е доволно луд за таква „финансиска екскурзија“, а има и нешто вишок кеш, може да си го дозволи овој Swiss Dreams Watchphone со надоградена 512 GB верзија која чини 21.730 долари. Нормално, ако порачате имате Free Shipping.
Еве го и инспиративното промотивно видео.