Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари призна дека дефанзивецот Гери Кејхил не влегува во неговите планови и нема да смета на него во иднина.
Договорот на Кејхил со Челзи завршува на крајот на сезоната, но клубот е спремен да го пушти дефанзивецот во јануари.
„Го почитувам многу, бидејќи тој има освоено се овде, но сега јас треба да направам избор. Тој може да е најдобриот дефанзивец во казнетиот простор, но јас сакам моите дефанзивци да играат со топката, а тој нема такви технички квалитети“, истакна Сари.
„Неговата иднина не зависи од мене. Тој и клубот треба да проценат дали ќе остане или ќе си замине. Доколку тој во моментов има добра понуда, може да си замине“, додаде италијанскиот стратег.