Поради грешка на банкоматот извадил над 1,6 милони долари: „Не жалам за ништо“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ден Саундерс е обичен човек кој работел во паб кому едно вадање на кеш од банкомат му го промени животот во радикални размери.

Типот отишол да извади пари од банкоматот по завршување на неговата работна смена во пабот. Подигнал 200 австралиски долари, иако банкоматот го известил дека „трансакцијата е откажана“. Потоа извадил уште пари и почнал да живее како милионер.

Саундерс живееше на висока нога откако ја „измолзил“ големата банка за над 1,6 милиони австралиски долари. „Многу од тоа ми е како во магла. Тоа е првото што ми паѓа на памет“, вели Саундерс за локалните медиуми со широка насмевка на лицето.

„Ме интересираше само забава, пиење префинети вина и запознавање луѓе, само уживање“. Во првата недела потрошил 20.000 долари, а во само четири месеци „спискал“ вртоглави 1,6 милиони долари. Ден признава дека ништо од тоа не би се случило да не била „лудата грешка на банкоматот“.

Неговиот краток, но интензивен елитен стил на живот започнал после смената во локалниот паб во Ванграти, рурална Викторија, во 2011 година. Ден отишол да си извади пари од банкоматот, но немал средства, па си префрлил пари од неговата MasterCard на штедната сметка.

„Ми пишуваше дека трансакцијата е откажана, но парите стигнаа. Баш ме интересираше дали можам да извадам уште 200 или можеби 500 или 600 долари“, се потсеќа Ден. Не можел да си поверува дека парите едноставно само излегувале и не можел да одолее да продолжи да го прави тоа.

Кога сфатил дека може да си дозволи сè што ќе му падне на ум, не се замарал да се воздржи од „долевањето“ со кеш. „Мислам дека потроши 20.000 долари во првите неколку недели“, вели Ден.

„Мислам дека парите и забавата ми помогнаа, но секогаш бев свесен и знаев дека нешто ќе се случи и некој ќе дојде“, изјави тој за Today Tonight. Но, никој никако да се појавел и да ги побара парите назад.

„Се прашував дали сум станат меѓународен крадец кој само ќе си префрла пари и никогаш веќе нема да биде виден“, признава Саундерс. Си признал дека никогаш не може да биде меѓународен разбојник, па решил сето тоа да го пријави во банката и медиумите.

Обвинет е за стекнување на финансиски средства со измама – 1,6 милиони австралиски долари – и осуден е на една година затвор во 2015 година. Денес работи во ресторан за саатница од 22 долари.

Вели дека за ништо што направил воопшто не жали, но признава дека му недостасува „секој ден“ од тој период. „Немав поим дека ќе станам милионер“, додава Ден. „Мислев дека сето тоа ќе биде готово за една недела, не дека ќе трае четири и пол месеци“, заклучува тој.