Три години затвор за бившиот личен адвокат на Доналд Трамп


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бившиот личен адвокат на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен, доби осудителна пресуда за тригодишна казна затвор поради лажење во истрага и кршење на правилата за финансирање предизборни кампањи, пренесуваат агенциите.

Коен пред судот изјави дека презема „целосна одговорност“ за сите дела за кои е обвинет. Тој денес пред судијата изјави дека „живеел во личен и ментален затвор“ откако се согласил да работи за Трамп. Тој кажа и дека Трамп го наведувал да им исплаќа пари на жени, меѓу кои е и порно глумицата Сторми Даниелс.

Тој истакна и дека „слепата лојалност“ кон Трамп го одвела „на патот на темнината наместо на светлината“.

Адвокатот на Коен изјави дека неговиот клиент изнел докази против „најмоќниот човек во земјата“.

Коен сега треба да се предаде за отслужување на казната на 6 март 2019, кога почнува неговата тригодишна затворска казна. Неговата пресуда е најдолгата досега донесена како резултат на истрагата на специјалниот истражител Роберт Мјулер. И покрај високиот профил на случајот на Коен, тој сепак е сѐ уште неповрзан со „рускиот заговор“ околу претседателските избори во САД кој Мјулер доби задача да го истражи пред повеќе од една година