Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Џон Кронин е жив пример дека Дауновиот синдром во никој случај не смее и не треба да биде пречка за оние кои го имаат, ниту пак да биде причина за предрасуди на општествено-социјалната средина околу нив.
Кронин разви бизнис вреден повеќе милиони и за своите 22 години им даде надеж на милиони со слични проблеми како неговите. Тој започна производство на чорапи со неверојатни боим и облици, кои им се допаѓаат на сите и станаа моден хит.
Бизнисот го води од мало складиште во Мелвил, преградие на Њујорк. Неговите чорапи имаат најразлични бои и принтови , како на пример во облик на авокадо, со ликот на канадскиот премиер Џастин Трудо, со еготични животни како мрзливци, со принтови од познати уметнички дела и уште стотици други.
Производите се брендирани под името ,,John’s Crazy Socks” (Лудите чорапи на Џон). Момчето почнало да ја развива идејата по завршувањето на средното училиште во 2016, откако се разочарал зашто немало доволно работни позиции за лица со Даунов синдром.
Токму на денот на лицата со Даунов синдром, на 21 февруари пред две години имало манифестација на чорапи со луди бои. Момчето со таткото се обиделе да си купат такви чорапи за да отидат на манифестацијата, но немало . Така се родила идејата самите да ги произведуваат.
Денес неговата компанија изработува 2.000 вида чорапи и има 20 дистрибутери. Пет проценти од заработувачката донира за Специјалната Олимпијада, како и 2 долари од секој чорап со мотив, кој ја подигнува свеста за Дауновиот синдром.
Од вкупно 36 вработени , половината се лица со посебни потреби. Годинава се очекува компанијата да има приход од 6 милиони долари.
Меѓу познатите кои ги носат чорапите на Џон се поранешниот претседател Џорџ Буш и актерката Ева Лонгрија.
„Јас имам Даунов синдром , но тој не ме спречува во животот” , вели Џон , кого вработените го нарекуваат „главен директор за среќа”.