Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неодамна направеното истражување резултираше со податоци дека најпаметните луѓе пијат најмногу алкохол.
„Колку се поедуцирани и попаметни жените, толку повеќе алкохол пијат и признаваат дека имаат поголеми проблеми со пијачката“, стои во известувањето од лондонската Школа за економија која извршила испитување врз илјадници 39-годишни жени.
Откриено е дека жените со факултетска диплома имаат 50 насто повеќе шанси секој ден да консумираат алкохол, а мажите 49 насто поголема веројатност за тоа.
Група научници од Финска направи слично истражување и дојде до буквално идентични резултати.
„Интелигентните луѓе често почнуваат да пијат во адолесцентскиот период, а и подоцна, во текот на животот, да консумираат повеќе алкохол“, велат Финците.
Иако алкохолот не ја зголемува интелигенцијата и претерувањето со него воопшто не е здраво, овие истражувања можеби ќе ви дадат одговор на вашето прашање зошто почесто посегнувате по пијачката од другите околу вас. 😉