Фетаи префинето елегантна на отворањето на ателјето од Тања Кокев


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Меѓу сите елегантни дами кои пред неколку дена беа присутни на отворањето на новото модно ателје од модната дизајнерка Тања Кокев, специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи посебно плени со својот префинет стил, привлекувајќи го вниманието на сите присутни на настанот.

Со моден избор во отворен стил, кој ја покажуваше и нејзината тетоважа, дополнително збогатен со елегантен накит, Фатиме уште еднаш докажа дека има префинет моден вкус и никогаш не знае да промаши во изборот на облека која ја комбинира и носи, внимателно бирајќи ја до најситен декоративен детал.