Ердоган: Европа падна на испитот за демократија и човекови права


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ѕидовите на безбедност и суверенитет почнаа да се тресат, но не поради бегалците или муслиманите, туку ѕидовите ги тресат нивните сопствени граѓани, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поради протестите на „жолтите елеци“, јавува Макфакс.

Според Ердоган Европа паднала на испитите за демократија, човекови права и слобода. Тој изрази загриженост поради случувањата на улиците на европските градови.

„Ние сме против хаосот кој го предизвикуваат демонстрантите, но и несразмерното насилство над нив“ истакна турскиот претседател синоќа во Истанбул.

Тој нагласи дека тие се оние кои заради политички популизам поттикнале антисемитизам и антимигрантски ставови.