Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кинескиот фотограф Лу Гуанг со своите контроверзни и компромитирачки фотографии очигледно го предизвика одмаздничкото влијание на кинеските власти разоткривајќи ги со своите фотографски дела мрачните лица на кинеското општество кои владата не сака да допрат до светот, или евентуално разгневил некои други елитни бизнис моќници. Причината за тој сомнеж е неговото исчезнување без трага од почетокот на месец ноември.
Фотографиите на кои тој ја претставува мрачната страна од кинеското општество (енормно загадените кинески градови и области од индустријата со јаглен и другите индустриски загадувачи, цели села чии жители се заразени со ХИВ вирусот, децата со церебрална парализа кои живеат на маргините од кинеското општество и многу други контроверзни сегменти од кинеското секојдневие.
Сопругата на фотографот, Ксу Ксиаоли, го пријавила неговото исчезнување во областа Ксиџијанг на социјалните мрежи и објавила дека ниту го видела, ниту се слушнала со него од почетокот на минатиот месец.
За Си-ен-ен изјавила дека Лу Гуанг отпатувал во провинцијата Ксинџијанг на 3 ноември и дека оттогаш нема никакви информации за него. Тој имал некои договори со други фотографи во Урумчи, главниот град на провинцијата Ксинџијанг, а потоа на 5 ноември требало да отпатува во провинцијата Сечуан и да се најде со пријатели. Но, тој не се појавил на местото на договорот.
Добитник на бројни награди, како што е германската награда за фотографија „Хенри Нанен“ и стипендии од National Geographic.
Неговата сопруга живее во Њујорк заедно со нивното дете, а Лу, кој е кинески државјанин, често патува во Кина и таму минува многу време.
Сопругата ја контактирала полицијата во Ксинџијанг, но не успеала да оствари разговор со висок функционер. Таа не контактирала со американските власти бидејќи, како што кажала, тие не би можеле да помогнат во овој случај.
Пријател на фотографот за Си-ен-ен анонимно изјавил дека не верува оти Гуанг е заробен од страна на кинеските власти. „Ако сакаа да го уапсат, одамна ќе го стореа тоа“, рекол пријателот.
„Изгубен е веќе над 20 денови. Како негов најблизок член од семејството, немам добиено извештај за неговото апсење. Постојано ѝ ѕвонам на полицијата, но не ме поврзуваат. Следната недела е нашата 20-та годишнина. Треба да ја прославуваме заедно. Само можам да се надевам на неговото безбедно враќање“, изјавила сопругата.