Финансиската директорка на Huawei, Менг Ванжу, уапсена во Канада


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Американските медиуми денес пренесоа дека главната финансиска директорка и потпретседателка на технолошкиот гигант Huawei, Менг Ванжу, била уапсена во Канада на 1 декември во Канада.

Менг, која е ќерка на основачот на кинеската компанија Huawei, Рен Женгфеи, е уапсена поради наводно кршење на американските санкции и и се заканува екстрадиција во САД.

Во САД уште од 2016 година е покрената истрага против компанијата Huawei поради наводен извоз во Иран на производи кои потекнуваат од САД.

Компанијата преку соопштение го потврди апсењето на Менг, истакнувајќи дека не е јасен прекршокот поради кој е уапсена потпретседателката на Хуавеј.

Амбасадата на Кина во Канада побара Менг да биде ослободена.

Апсењето на Менг се случи во „чуден момент“, бидејќи американскиот и кинескиот претседател, Доналд Трамп и Кси Џинпинг неколку дена претходно најавија 90-дневно „примирје“ во трговската војна. Апсењето на Менг би можело да ги закомплицира трговските преговори помеѓу Пекинг и Вашингтон.

За САД, Huawei и другите кинески компании се можен параван за кинеска шпионажа.