Десетици мафијаши уапсени во голема полициска акција во Јужна Америка и Европа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во голема полициска акција преземена против криминалната група Ендрагета во Италија, Холандија, Германија, Белгија и Јужна Америка, беа уапсени неколку десетици криминалци.

Италијанската полиција и Јуроџаст, европската агенција која ја надгледува правосудната соработка во криминалните истраги, соопштија дека уапсените лица се осомничени за шверцување кокаин, перење пари, мито и насилство.

Јуроџаст соопшти дека полицијата „спроведува апсења и запленувања, но бројки не се објавени.

Италијанската полиција соопшти дека се уапсени 90 луѓе и дека апсења биле спроведени и во Јужна Америка.

Целта на операцијата се семејствата на Ендрангета во јужноиталијанскиот град Локри во Калабрија, центарот на криминалната група раширена по целиот свет.

Ендрангета е една од трите главни италијански мафијашки организации, заедно со Камора од Наполи и сицилиската Коза ностра.

Операцијата е спроведена еден ден откако полицијата го уапси новиот шеф на сицилиската мафија и 45 други осомничени мафијаши.