Прволигаши, учете од промоција од ФК Осогово: Тоше Манов „во друштво“ на Роналдо и Нејмар! (фото)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Добро познато е дека фудбалските клубови го користат Твитер како алатка за комуникација со навивачите, но и за подобра промоција.

Сведоци сме на испраќање ниски удари преку оваа социјална мрежа, а во Европа најмногу кога е е Твитер во прашање се истакна италијанска Рома.

Но и Македонија може да се пофали дека има клуб кој работи на промоција преку овој начин. Тој клуб е – ФК Осогово!

Овој третолигаш често пати знае да објави интересен пост, а врвот го достигна вчера кога нивниот фудбалер Тоше Манов се „најде“ на делба на третото место со играчи како Нејмар и Кристиано Роналдо во трката за за „Златната топачка“.

https://twitter.com/gfkosogovo/status/1069977278799638528