Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
До крајот на оваа работна недела првата верзија од Законот за амнестија ќе биде готова и во петок веројатно ќе биде предложена од собраниското тело за помирување.
Копретседавачот со Телото, Емилија Александрова не открива детали од содржината на законското решение, но ја потврдува поддршката на целиот процес од Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ. За сите три сегменти од овој процес: реформи, интеграција и помирување, добиле охрабрување од европратениците Дејвид Мекалистер и Кнут Флекенштајн.
Од групите за помирување, интеграција и реформи ќе произлезат конкретни закони во повеќе сегменти, без преминување на црвените линии за владеење на правото и правната држава, особено за превенирање на насилство заради остварување одредени цели. На овие теми размениле мислења европратениците Мекалистер и Флекенштајн со спикерот Талат Џафери, потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, како што соопшти неговиот кабинет.
На одделна средба со гостите од Брисел, Христијан Мицкоски им рекол дека ВМРО ДПМНЕ е подготвена да ги помогне реформските процеси, но тоа зависи од волјата и способноста на Владата да биде носител на тие процеси.
Извор: Телма