Незадоволниот Диего Коста се сели во Кина!?

Diego Costa of Atletico de Madrid during the UEFA Europa League match played on Wanda Metropolitano Stadium, Madrid, Spain, between Atletico de Madrid and Lokomotiv Moskva

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста може да го изиграл последниот меч за „јорганџиите“, пренесуваат шпанските медиуми.

Диего Коста вчера замина за Бразил каде што денес треба да биде опериран, па му претстои пауза од најмалку два месеци.

Меѓутоа, Коста сака да го напушти Атлетико уште во зимскиот преоден рок бидејќи не е задоволен од фактот што неговата плата е значително помала од таа на Гризман.

Последните информации од Шпанија велат дека Коста е спремен да ја прифати понудата од Кина, која е исклучително примамлива.

Менаџерот на напаѓачот, Жорге Мендеш веќе го информирал раководството на „јорганџиите“ дека играчот сака да биде продаден.

30-годишниот Коста не сака да ја пропушти оваа шанса и да заработи богатсво во Кина, особено поради фактот што Атлетико не е спремен да му понуди нов договор.