Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо ја одби поканата од Федерацијата да го гледа во живо мечот помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс, кој ќе се игра во недела на „Сантиаго Бернабеу“, пренесува „АС“.
Блиски извори до фудбалерот ја потврдија веста дека Роналдо добил покана, но нема да оди во Мадрид: „Уште е рано за Бернабеу“ им рекол Португалецот на своите пријатели потенцирајќи дека, раните после заминувањето од Реал се уште не биле зараснати.
„Кристано со задоволство би присуствувал на мечот и би го гледал заедно со Меси, но за жал, тоа нема да се случи овој пат“, изјавија извори блиски до Португалецот.
Лионел Меси пак ќе ја уважи поканата и ќе седне во ВИП ложата на „Сантиаго Бернабеу“ за да го гледа финалниот меч помеѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата.
Ден претходно неговата Барселона ќе го игра градското дерби против Еспањол, па во неделата Аргентинецот ќе биде слободен да отпатува за Мадрид.