Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Колекција од златни монети за кои се верува дека биле сокриени пред 900 години беше откриена во некогашниот израелски пристанишен град Кесарија.
Ретката колекција беше пронајдена во бронзен сад меѓу камењата во ѕидот од еден бунар, а меѓу нив имало и една златна обетка. 24-те златни монети најверојатно ги сокрил некој кој се надевал дека ќе се врати по нив, но очигледно тоа не се случило.
Археолозите изјавија дека можно е сопственикот на златните монети да настрадал во масакрот од 1101 година извршен врз локалното население од страна на крстоносците. Експертите тврдат дека монетите потекнуваат од 11. век, а беа откриени за време на ископувањата од конзервацискиот проект во Кесарија. Садот бил пронајден меѓу два камења во ѕидот од еден бунар.
Колекцијата моментално е изложена во Музејот на Израел во Ерусалим.
Пред три години, нуркачи ја открија најголемата колекција од златни монети било кога пронајдена на израелскиот медитерански брег. Тогаш беа најдени 2.000 златни монети стари над 1.000 години.