Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Отворањето на реконструираниот Дом на културата во Плевља беше одбележано со богата програма, а она што остави најмоќен и најголем впечаток беше спектакуларната изведба на „Само да рата не буде“ од 400 дечиња од плевљанските градинки и основни училишта – снимка и изведба која ќе ве наежи.
Инспиративната и моќна хорска изведба на фрагмент од познатата песна на Ѓорѓе Балашевиќ „Само да рата не буде“ предизвика бура од позитивни реакции, воодушевувања и пофални коментари на социјалните мрежи.
Можеме само да си замислиме колку било моќно и торжествено да се чуе и доживее ова во живо, таму.